Медис Македонија дооел Скопје е дел од меѓународната компанија Медис со седиште во Љубљана, Словенија. Веќе 30 години се занимаваме со маркетинг на иновативни лекови и медицински средства. Со повеќе од 350 високообразувани стручни кадри, во 15 држави од централна Европа и на Балканот oстваруваме одлични резултати и сме водечка компанија во полето на медицинскиот маркетинг. Ги снабдуваме со производи здравствените системи во овие земји. Задоволството и ангажманот на вработените ни се најважни во работата.

Стручен соработник за промоција на лекови, ОТЦ препарати и диететски суплементи (м/ж) за неопределено време

Аплицирајте до: 08.03.2021

Нудиме:

  • стручна, одговорна, креативна работа во динамичен тим, во позитивна средина и иновативно работно опкружување во успешна фармацевтска компанија,
  • дополнителни едукации и континуиран развој на стручен и личен план,
  • работа со висококвалитетни производи,
  • стимулативна заработка, возило и одлични средства за работа.

Бараме самостојни кандидати, кои со задоволство сакаат да работат на терен, со деловна ориентираност, брзо откривање и искористување на нови можности, како и способност за усвојување на стручно и комерцијално подрачје на работа.

Одговорности:

Информирање на стручната јавност за производите преку редовни посети на лекари и фармацевти, организирање на едукации и локални состаноци. Ќе бидете одговорни за реализција, анализа и следење на продажбата, градење и унапредување на односите со клиентите, што од Вас ќе бара стручност, како и комуникациски и преговарачки способности.


Услови кои треба да ги исполнувате:

 

  • VII степен диплома по природни науки (фармација, медицина, стоматологија, хемија, биологија),
  • високо ниво на самостојност и самоорганизираност,
  • фокус на перформансите, доверливост и проактивност,
  • работа на терен со патувања,
  • познавање на англиски јазик,
  • работа со компјутери (MS Office),
  • возачка дозвола Б-категорија.


Предност имаат кандидати кои:

 

  • се вредни и фокусирани на постигнување на целите,
  • проактивно соработуваат со цел унапредување на резултатите од работата,
  • одлично комуницираат,
  • имаат висок ниво на самостојност и самоорганизираност,
  • сакаат динамична работа на терен.

Не пропуштајте одлична понуда за работа! Аплицирајте преку линкот подолу најкасно до 08.03.2021. За сите поважни услови за вработувањето ќе имате прилика да се договорите на разговор.